За насКанцеларииСметководство200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт

About Us Image - Diagonal Wave Lines

 

 

  Title - About Us

 






 
 
Станете агент Ziaja Kolastyna Carlo di Roma S&A
  S&A          www.s-a.pl

Компанијата S&A е основана во 2003 година од Адам Пстраговски. S&A е лидер на пазарот во Полска, за производство на златен и сребрен накит со килибар. Производите на S&A се изработуваат под постојана технолошка контрола. Поседуваат посебен оддел за обработка на килибарот и оддел за леење на килибарот каде се осигурува квалитетот на накитот и килибарот. Компанијата поседува модерна опрема и машини за изработка на накитот, а истовремено ја задржуваат традицијата за рачна изработка на накит. S&A вработува повеќе од 10 млади и талентирани дизајнери кои создаваат повеќе од 6000 дизајни. Во 2008 год остваруваат соработка и со компанијата Swarovski, изработувајќи накит со Swarovski кристали.

Неколку интересни податоци за килибарот:
Килибарот е 40 милиони години стара смола која може да се најде на брегот на Балтичко Море.
Хемиското име на килибарот е Succynit и кај народот е познат веќе 2000 години.
Во Античко време постоел „Пат на Килибарот“ кој водел од Италија до Гдањск – центарот на килибарот.
Килибарот може да се најде во 3 подрачја на Балтичкото Море:
Калининград – Русија – килибар од овој регион е најпознат;
Полска – во овој регион килибарот се наоѓа многу длабоко во земјата и е најубав;
Украина – килибарот од овој регион е со најслаб квалитет.

Луѓето верувале дека килибарот е магичен камен:
  • тој е секогаш топол
  • има пријатен мирис на лимон
  • се менува со текот на времето и атмосферските промени
Килибарот содржи киселина која има лековити ефекти – и се користи во медицината и козметиката:
  • помага за ревматски заболувања, главоболки
  • помага за лекување на белодробни заболувања
  • и помага на кожата да го задржи младешкиот изглед

Килибарот може да се најде во повеќе бои:
Бела, медова боја, светло жолта, коњак боја, боја на вишна, зелен и понекогаш и син.
Исто така во килибарот може да се најде и остаток од некое растение или инсект. Да не заборавиме дека килибарот е стар 40 милиони години и токму килибарот кој во себе има инсект или растение има и многу голема вредност.

Каталог S&A 2009